Watch FIFA World Cup 2026™ LIVE, FREE and EXCLUSIVE

ПРАШАЈ ГО ДОКТОРОТ: Дали возраста влијае на зголемен ризик од болести на срцето?

Home caregiver listening to a senior woman's heartbeat in a nursing home

Home caregiver listening to a senior woman's heartbeat in a nursing home Credit: FG Trade Latin/Getty Images

Во денешната мини епизода откриваме кааков фактор е стареењето кога станува збор за кардиоваскуларните болести.


*Информациите дадени во овој сегмент се од општа природа. Содржината и разговорот не се наменети да бидат замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од вашиот лекар или други квалификувани здравствени работници за какви било прашања што можеби ги имате во врска со медицинска состојба.

За повеќе прилози, интервјуа и информации од СБС на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:

Podcasts in Macedonian | SBS Audio

For more stories, interviews, and news from SBS Macedonian, explore our podcast collection here:

Podcasts in Macedonian | SBS Audio

Оваа епизода содржи транскрипт генериран со ElevenLabs. За начинот на кој СБС ја употребува Вештачката интелигенција прочитајте ТУКА

Како стареењето и возраста влијаат на ризикот од појава на кардиоваскуларни болести?

Е, да, сега ова прашање како можеме да му пријдеме? Видете, нормално е дека со стареење и со возраста, како што прогредираме во, во одминатите години, дека крвните садови ќе подлежат на одредени промени кои што придонесуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања да се зголеми. Тоа е нормално и очекувано. Меѓутоа, ајде да видиме кои се тие,

можеби други дополнителни фактори кои што,

еве, го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања и морам да го споменам, на прво место е

стресот. Не е спорно повеќе во денешно време да се каже дека

стресот е прва причина која што придонесува

зголемување на кардиоваскуларни заболувања, меѓутоа не и само на нив, а конкретно за, за срцето и за крвните садови, стресот го крева крвниот притисок, го покачува крвниот притисок и го зголемува пулсот.

Исто така, една биолошки важна појава на резултатите на стресот е дека стресот го зголемува и таканареченото воспаление на ендотелот на крвните садови

и истовремено, на пример, го зголемува и нивото на кортизол, кој што како резултат на покаченото ниво на кортизол крвните садови стануваат покрути.

Исто така, стресот, на пример, го поттикнува и, го поттикнува појавата на одредени навики, нездрави навики, како што се на пример пушење, како што се прејадување,

конзумирање на алкохол. Мислам дека многу пати сме зборувале и сме слушале дека овие фактори многу силно влијаат врз појавата на кардиоваскуларни заболувања заради тоа што со тек на времето тие го оштетуваат, како што рековме, ендотелот и создаваат услови за познатата атеросклероза. Значи, тоа е во однос на, речиме, стресот. Меѓутоа, исто така, како што рековме, и возраста влијае врз, врз кардиоваскуларниот систем. Како? На пример, артериите природно ќе станат поригидни и се помалку еластични.

Понатаму, сите знаеме за таканаречените плаки, односно задебелувања во однос на крвните садови кои што со тек на време, со тек на возраста се натрупуваат и стануваат поголеми.

Исто така, со тек на

зголемувањето на возраста веројатноста за аритмија, значи неправилен ритам на срцето, висок притисок и генерално ослабување на таканаречената срцева пумпа, значи срцето е пумпа која што испумпува огромни количини на крв во текот на денот, но станува послаба. Значи, комбинацијата, да заклучиме, од одреден хроничен стрес и годините создаваат, речиме, двоен товар и побрзо оштетување на садовите и помал капацитет на телото да ги поправи.

[музика]

END OF TRANSCRIPT

Share

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Watch now