Според Лихнида Тасеска од Австралиско-македонската добротворна организација за добробит на НЈВ, со седиште во Сиднеј, која е координаторка на проект за домашно насилство во македонската заедница, оваа ужасна појава е многу пораспространета од сите официјални статистики. Голем број лица кои се злоставувани, нагласува таа, не го пријавуваат истото поради страв, срам, стигма, недоверба кон институциите, непознавање на сопствените права или јазична бариера.
Ако вие или лице кое го познавате е погодено од семејно или домашно насилство, повикајте 1800RESPECT на 1800 737 732 или посетете 1800RESPECT.org.au.
Во итен случај, повикајте 000.
Службата за мажи обезбедува совет за мажите во врска со домашното насилство и може да се добие на 1300 766 491.
Share





