Додека Кина се заканува дека ќе воведе санкции за австралиските земјоделци, владата ги намалува некои од своите стимулативни мерки од повеќе милијарди долари. Пратениците на парламентот и Сенаторите се вратија во Канбера за новата парламентарна седница која почнува во сетврток на 14 Мај. Коалицијата размислува да ги ограничи или укине плаќањата на JobKeeper, порано од закажаниот рок од шест месеци во септември - бидејќи економијата повторно се отвора многу побрзо од очекуваното. Премиерот Скот Морисон рече дека ќе има преглед.
Share




