Земјоделците ја бранат употребата на контроверзен хербицид

İlaçlama yapan çiftçi Source: AAP
Националната федерација на фармери ја брани континуираната употреба на контроверзен хербицид за кој се тврди дека е причината зад илјадници смртни случаи во странство. Грамоксон кој ja содржи смртоносната супстанција Паракват е достапен во Австралија и покрај тоа што е забранет во Велика Британија, каде што се произведува, како и во многу други земји. Заедничката истрага на британскиот Канал 4 и Greenpeace откри документи кои наводно покажуваат дека компанијата имала побезбедни алтернативи што ги задржала од потрошувачите за да ги заштити своите профити - обвинение што компанијата го негира.
Share