Поранешниот фудбалер на Брегалница (Ш), Три Чешми, Астибо, Плачковица и Кежовица, Мијалче Дургутов, по завршувањето на фудбалската кариера во 1988 година фудбалскиот дрес и топка ги заменува со пенкало и лист.
Се вработува како новинар во спортската редакција на дневниот весник "Нова Македонија " и останува и понатаму со фудбалот и спортот но сега не како директен учесник туку како спортски новинар.
Зад неговото име остануваат бројни текстови, интервјуа и репортажи од разни спортски настани не само во "Нова Mакедонија" туку и во првиот спортски магазин во Македонија " СКОК " а подоцна и прв спортски дневен весник и портал чиј сопственик е Мијалче Дургутов.

И, ако како фудбалер не успеал да учествува на некое Светско првенство, како новинар е рекордер меѓу новинарите во Македонија кои известувале од Светските првенства.
Започнувајќи од Светското Првенство во Италија 1990 година, па се до Русија 2018 година стигна до бројката од осум, а претстојното во Катар ќе биде негово девето.
За време на овие Светски првенства остварил бројни средби со познати фудбалски имиња но и запознал дел од културата и традицијата на земјите каде што се одржувале мундијалите.
Пред заминувањето за Катар, Г- дин Дургутов за СБС радио вели дека ова Светско првенство ќе биде поинакво од поранешните.
Мислам дека ова Светско првенство нема да биде вистинско Светско првенство. Не се сомневам дека ќе има квалитетни натпревари, неизвесност, голови. Добро е за развојот и популарноста на фудбалот. Но, се сомневам дека ќе отсуствува таа позната фудбалска атмосвера со фан зони каде навивачите на видео екрани гледаат фудбал а за тоа придонесува и самата традиција и начин на живеење во Катар.Мијалче Дургутов, спортски новинар
Но, затоа пак без размислување вели дека Бразил е најфудбалска нација и доколку би бирал повторно би одел на Светско првенство во оваа земја.
Дефинтивно најфудбалска нација е Бразил. Во тоа се уверив на мундијалот во 2014 година. Луѓето таму живееја за фудбалот. Тешко е со зборови да се објасни и пренесе таа атмосвера што ја доживеав и почувствував во Бразил.Мијалче Дургутов, спортски новинар

Како долгогодишен новинар, Мијалче Дургутов вели дека ги почуствувал и промените во начинот и брзината на информирањето, односно пред интернетот и после него. Како што вели и самиот од еден бавен и лежерен начин сега информирањето е како спринт на 100 метри.
Порано без интернет се работеше малку побавно и до информации се доаѓаше низ живи дискусии со фудбалерите и тренерите. Така беше некаде се до Светското првенство во Франција 1998 година. Со појавата на интернетот сето тоа се забрза и да бидам искрен на Светското првенство во Русија 2018 година тоа најдобро го почуствував и до некаде ја загибив битката со брзото информирање.Мијалче Дургутов, спортски новинар
Како добар познавач на светскиот фудбал Мијалче Дургутов очекува шампионскиот пехар да го освои некоја репрезентација од Европа или Јужна Америка. Прогнизра пехарот да се пресели од Европа во Јужна Америка а негов благ фаворит е Бразил.
За едно немам дилема а тоа е дека нов шампион ќе биде репрезентација од Јужна Америка или Европа. Мој фаворит е Бразил. Самиот состав на играчи предводен од селекторот Тите е импресивен според имињата и клубовите каде играат. Тука секако се и Аргентина и дел од евроските репрезентации Германија, Белгија, Франција и Шпанија. Тешко дека Франција ќе го одбрани светскиот трон.Мијалче Дургутов, спортски новинар

Сите овие патувања по мундијалите беа можност Мијалче Дургутов да има средби со врвни поранешни и сегашни фудбалски имиња. Како посебно впечатлива ја издвојува средбата со неповторливиот Бугарски репрезентативец Христо Стоичков.
По враќањето од СП во САД 1994 година каде што Бугарија беше големо изнандување уште во авионот Стоичков мене ми го даде првото интервју и уште тогаш ми најави дека таа година ќе ја добие наградата за најдобар фудбалер.Мијалче Дургутов, спортски новинар

На СП во Франција 1998 година се дружи со комплетната Хрватска репрезентација, но незаборавни се и средбите со поранешниот селектор на Италија Енцо Беарцот, Фабио Капело, Хорхе Валдано, Франц Бекенбауер, Мишел Платини, Сер Бoби Чарлтон, Габриел Батистута и многу други познати фудбалски имиња.
Еве дел фотографии од албумот на Мијалче Дургутов.

Покрај известувањето од осум ФИФА Светски првенства, Мијалче Дургутов има известувано и од неколку Европски првенства. Како што вели самиот едната желба му се исполнила да ја гледа и информира за настапот на Македонската репрезентација од последното Европско првенство а другата желба му е да биде дел и од за него "јубилејно" десето Светско првенство.






