Во време кога крадењето на лични податоци е се поизразено и кога истите се користат за различни измами онлајн преку крадење на идентитетот, Ема Попоска Кардалева и сопругот Војдан ја формираат компанијата Brontech, фирма која работи на спречување на финансиски криминал, перење пари или финансирање на тероризам. По само една година од појавувањето на пазарот, компанијата продаде 18,23% од своите акции за 1 милион долари на австралиска компанија. Дознајте како една фирма за развој на софтвер функционира во време на пандемија.
Share




