Гоце Груевски се пресели во Австралија во 2006 година, кога ги засили редовите на Престон Лајнс, каде беше голман а по крајот на кариерата и тренер на голманите. Груевски бранеше за повеќе македонски клубовии, Победа, Слога Југомагнат, Работнички, Беласица и Вардар. За Македонија има шест настапи, три во квалификации и три на пријателски средби.
Македонската заедница во Австралија но и во Македонија со голема тага и болка ја прими веста за прераната смрт на поранешниот голман Гоце Груевски кој почина на 46-ет годишна возраст.
Гоце кого сите го знаат и по прекарот "Чолак" по потекло е од Прилеп каде и првите фудбалски чекори ги има направено во ФК. Победа.
Груевски беше дете на ФК Победа и нејзин капитен во сезоните кога прилепскиот клуб почна да ги бележи своите најголеми клупски успеси кои му овозможија и излез на меѓународна сцена.
Гоце го чуваше голот на Победа покрај во домашните натпреварувања од 1997 до 2000 година и во настапите во Купот на УЕФА против Одра и Интертото купот против Озета Дукла Тренчин и на антологискиот двомеч со италијанската Перуџа.
Дека стануваше збор за еден од најдобрите голмани во тој период во Македонија е фактот дека Гоце Груевски го чуваше голот на најдобрите клубови во тој период: Победа, Вардар, Работнички, Слога Југомагнат, Македонија ЃП и Беласица.
Со своите одбрани меѓу стативите го заслужи и дресот на македонската фудбалска репрезентација кој го носеше 8 пати (3 меча во квалификациите за СП во Јапонија и Ј.Кореја 2002 и на 5 пријателски натпревари во 2000 и 2001 година).
Од 2006 година заминува за Австралија каде ги брани боите на ФК. Престон Македонија, а последниве години тренер на голманите во најпопуларниот клуб на Македонците во Мелбурн.
Гоце Груевски не само што ќе остане запаметен како еден од најдобрите голмани во историјата на македонскиот фудбал туку ќе остане запаметен и по неговата страст кон фудбалот.
Гоце остави и посебен белег во ФК. Престон Македонијакакоо играч но и како тренер пребесувајќи го своето драгоцено искуство и знаење на помладите голмани.
Почивај во мир Гоце.





