"Да ви честитам слободна, суверена и самостојна Македонија" беа зборовите на Киро Глигоров на 8 септември 1991 година што ја обзнанија одлуката на македонските граѓани, нивната држава да го продолжи својот пат како самостојна и суверена држава, независна од тогашната југословенска федерација.
Овој 8 септември, кога се одбележуваат 30 години на независноста на Македонија, со прилог од нашата архива потсетуваме на некои од главните моменти и случувања на патот до осамостојувањето.
Share





