"Во светот што постојано се менува, потребни ни се сидра и нашето потекло, нашиот идентитет се најважните сидра", рече министерот за услуги и прв министер за дигитализација Виктор Доминело, кој во име на премиерката на НЈВ, Гледис Береџиклиан, им се обрати на присутните на традиционалната Гала вечер 2021 на Федерацијата на училиштата за јазици на заедниците
Наставници по македонски јазик исто така беа присутни на настанот, предводени од претседателката на Македонскиот просветно-училишен одбор за НЈВ, Жаклина Михајлова која во разговор за СБС уште еднаш упати апел за поголем интерес за изучување на јазикот и отворање на нови училишта во населбите со поголем број жители од македонско потекло
Share





