Дали знаевте дека во Швајцарија на национално ниво жените правото на глас го добиле во 1971 година, а на локално, во кантонот Appenzell Innerrhoden, дури во 1991 година, додека во Сиера Леоне, една од државите во западниот дел на афричкиот континент, жените имале право на глас уште во 1792 година?
Во 1945 година, во сите сојузни републики на тогашна Југославија, вклучувајќи ја и Македонија, на жените им се дало правото на глас. Од тогаш, истото се слави во кафани и ресторани, со цвеќе и поклони.
Денеска накратко се одвоивме од овој тип на прослава на денот и поразговаравме со Јосипа од Лондон, Емилија од Волонгонг, Хелена од Нов Зеланд, Наташа од Либија, Драгана од Шведска, Катерина од Дубаи и Катерина од Скопје, кои ни кажаа што за нив значи Љубов во секојдневниот живот.



