Изложбата "Море, сол и свила", вклучуваше четири видеа, интерактивна инсталација и звук во живо.
Многу важен аспект во моите проекти, е чувството на оддалеченост. Географска, но и емоционална.
Дел од интерактивната инсталација
Чаповска e наградувана, современа интердисциплинарна уметница, родена во 1967 година во Скопје, Македонија, каде дипломирала на Факултетот за ликовни уметности. Магистрирала на RMIT во Мелбурн, каде живее и работи повеќе од три децении. Од нејзината прва изложба во Националната галерија на Македонија во 1991 година, делата на Чаповска се прикажани во низа приватни и јавни галерии и музеи вклучувајќи ја галерите "Дајан Тензер" и "Кунихан" во Мелбурн, уметничката галерија во Баларат, Националната галерија на Австралија во Канбера, МАМОК во Виена, Музеј на современа уметност во Скопје и на Музејот на град Скопје.Фотографија на Марјан Стојковски
Фотографија на Марјан Стојковски
За звукот во живо се погрижија Александар Чаповски Џилиан, Наџа Тодоровиќ, Зои Питерзник и Рајан Фостер.Фотографија на Марјан Стојковски