"Кога луѓето пристигнуваа со бродот, во некои случаи, не познавајќи никого овде, тие често ја имаа в рака само адресата на македонскиот социјален клуб, каде што им организираа соба за престој и можна работа“, вели познатиот австралиски писател Том Петцинис, зборувајќи за својот најнов роман "Fitzroy Raw", чие дејство се одвива во Мелбурн, во 60-тите години на минатиот век.