Во екот на националната Reconciliation week или Недела на помирување, со овогодинешниот слоган „More than a word“, разговаравме со господинот Кен Зулумовски, почесен доктор на медицински науки и добитник на орден од австралиската армија, основач на непрофитната организација ГАМАРАДА.
Господинот Кен во 2007 година ја основа ГАМАРАДА, организација преку која му помага на домородното население во областите на домашното насилство, зависностите и самоубиствата, а во 2010 ја основа консултантската фирма GUIR, преку која обезбедува индивидуални планови за помирување на компании од приватниот, државниот и непрофитниот сектор.
Домородното име на Кен е Кира Дан и тој е потомок на Каби Каби првата нација. Пред 17 години започнал со чекори за помош на својата домородна заедница и денес гордо може да каже дека се наоѓа на 642ра недела од непрестајното обезбедување на услуги, помош и поддршка на оние на кои најмногу им се потребни преку својата организација ГАМАРАДА.
Во 2012 година Кен го водеше првиот форум за Абориџинско помирување во парламентот на Нов Јужен Велс, а беше член и на форумот за домородни лидери на Комисијата за ментално здравје во НЈВ.





