Ретки се оние личности кои можат да се закитат со придонес од 37 години посветен на промовирањето на македонскиот фолклор. За својата доброволна работа во македонската заедница Косте Колевски, почесен претседател на Федерацијата на Македонските Културно Уметнички Друштва во Викторија - ФОМКУД, беше одликуван со сертификат и плакета, доделена на овогодишниот Илинденски Фестивал во Мелбурн и од државната влада на Викторија.
Share



