SKIP TO MAIN CONTENT

"Изгубени низ дупки во џебовите" – Книжевно патување меѓу реалноста и фикцијата

Vlado Janevski kolaz.jpg
Владо Јаневски, писател, поет, сликар и автор на стрипови за време на разговор за неговиот најнов роман "Изгубени низ дупки во џебовите“, во студио на СБС во Сиднеј, јуни 2026 (SBS/V.Janevski)

Владо Јаневски, еден од најнаградуваните македонски современи писатели, во својот најнов роман со наслов „Изгубени низ дупки во џебовите“ го води читателот на патување во алернативна историја во која Југославија никогаш не престанала да постои, поставувајќи универзални прашања за идентитетот, колективното сеќавање, изборите и човечката природа.


Published

Updated

By Radica Bojkovska Dimitrovska

Source: SBS


Skip to podcast episode content

Владо Јаневски, еден од најнаградуваните македонски современи писатели, во својот најнов роман со наслов „Изгубени низ дупки во џебовите“ го води читателот на патување во алернативна историја во која Југославија никогаш не престанала да постои, поставувајќи универзални прашања за идентитетот, колективното сеќавање, изборите и човечката природа.


Во овој поткаст на СБС на македонски, со авторот разговараме за тоа како се родила идејата за романот, што се крие зад симболиката на необичниот наслов “, дали романот носи носталгија за минатото или претставува критички поглед кон сегашноста, како и зошто токму алтернативната историја му овозможила да проговори за современиот човек и неговите дилеми.

Владо Јаневски, македонски писател, поет, сликар и автор на стрипови кој живее во Сиднеј, е добитник на бројни книжевни признанија, меѓу кои „Пегаз“, „Стојан Христов“ и „Антев златник“.

Зад себе има богато творештво со романи како „ Made in Jabana“, „Под друга капа“, „Чудо зад аголот“, „Мртвите знаат најдобро“, „Смртта не е крај“ и „Кој го уби Едгар Алан По“.

Неговиот седми роман "Изгубени низ дупки во џебовите“, уште пред објавувањето влезе во потесниот избор за книжевната награда „Пегаз“.

За повеќе прилози, интервјуа и информации од СБС на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:

Podcasts in Macedonian | SBS Audio

For more stories, interviews, and news from SBS Macedonian, explore our podcast collection here:

Podcasts in Macedonian | SBS Audio


Latest podcast episodes

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Stream now