Документарниот филм за животниот пат на македонскиот имитатор на кралот на рокенролот, ''Сонцето не грее од сите страни", снимен од светски познатата телевизиска мрежа Ал Џезира, по учеството на над 10 филмски фестивали во светот, стаса на големото платно и во Мелбурн. За повеќе приказни и интервјуа од СБС на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде: https://www.sbs.com.au/audio/collection/podcasts-in-macedonian
Филмот,чија реализација беше одолговлечена поради Ковид-19, наиде на топол пречек, емоции, солзи и аплаузи од публиката, секаде каде што беше прикажуван, па и во родниот крај на Црнгаров, Струмица.
Македонскиот Елвис вели дека тоа било големо охрабрување на режисерот Глигор Кондовски, директорот на фотографија Слаѓан Милошевски и монтажерите Иван Костадинов и Дејвид Милошевски.





