Watch FIFA World Cup 2026™

LIVE, FREE and EXCLUSIVE

Македонска културна и меѓугенерациска средба во Мелбурн

Intergenerational Day of students and pensioners
Македонски културен и меѓугенерациски ден на ученици и пензионери, Мелбурн Source: SBS

Учениците кои го изучуваат македонскиот јазик од средното училиште во Епинг имаа еднодневно дружење со членови на пензионерското друштво при македонската православна општина за Мелбурн и Викторија. Средбата учениците ја искористија за разговор со пензионерите на теми од наставата и секојдневниот живот на македонски јазик.


Published

Updated

By Vase Kocev

Source: SBS


Share this with family and friends


Учениците кои го изучуваат македонскиот јазик од средното училиште во Епинг имаа еднодневно дружење со членови на пензионерското друштво при македонската православна општина за Мелбурн и Викторија. Средбата учениците ја искористија за разговор со пензионерите на теми од наставата и секојдневниот живот на македонски јазик.


Клучни точки

  • Разговор за теми од наставната програма и културни настани.
  • Учениците развиваат емпатија и благодарност.
  • Подобрување на расположението и благосостојбата на постарите лица.
  • Намалување на осаменоста и изолацијата на постарите лица.

Дружењето на двете различнии генерации започна со пригодна културна програма подготвена од учениците со читање рецитали посветени на македонскиот јазик и љубовта.

Сето тоа изведено на македонски јазик под мотото "Нашиот јазик - нашата светлина" и изреката на Нелсон Мандела

"Ако му зборуваш на човек на јазик што го разбира, тоа оди во неговата глава, ако му зборуваш на неговиот јазик, оди во неговото срце"
Нелсон Мандела
Students read.jpg
Ученици рецитираат стихови за македонскиот јазик Source: SBS

Учениците исполнија и неколку македонски песни а развиориа и македонско оро.

Во дружењето на учениците и пензионерите се разговараше на теми од наставната програма, културни настани и секојдневниот живот.

Учениците најмногу ги интересираше да дознаат повеќе за нивниот живот во родниот крај, кога тие биле деца, а меѓу нив е и ученичката Александра.

Многу корисна средба за нас учениците за вежбање на македонскиот јазик и мене посебно ме интересира да ми раскажат како живееле кога биле деца - зошто ние денес имаме многу нешта кои тие тогаш ги немале
Александра - ученичка во средното училиште во Епинг
Students and pensioner.jpg
Разговор меѓу ученичка и пензионер на меѓугенерациската средба Source: SBS

Нивните домаќини - пензионерите не го криеја своето задоволство.

Видно расположени одговараа на сите прашања од учениците и за момент беа "вратени" во нивното детство и родниот крај.

На оваа средба учениците не само што потврдија дека го научиле македонскиот јазик, туку и не вратија во мислите во нашето детство и од каде ние дојдовме во Австралија за да започнеме нов живот
Лазе Велков - пензионер
laze Velkov.jpg
Лазе Велков им се заблогадарува на учениците за нивната посета Source: SBS

Во подготовката на учениците за меѓугенерациската средба се погрижи наставничката Гордана Јанинска.

Според неа вакви средби се корисни за пензионерите но посебно за учениците.

Јазикот најмногу се учи во разговор надвор од училницата и тоа им останува на некој начин во сеќавање на учениците. На овој начин тие можат да научат повеќе за историјата, културата, храната и други теми. Такви средби ни се потребни и во иднинина зошто го промовираат и македонскиот јазик
Гордана Јанинска - наставничка во средното училиште Епинг
Gordana janinska 1.jpg
Наставничката Гордана Јанинска со своите ученици Source: SBS

Во организацијата на оваа средба помогна Јагода Котевска, службеничка во тимот за позитивно стареење во општината Витлси.

Г-ѓа Котевска вели дека вакви средби се корисни и се развива емпатија и благодарност кај учениците но и се подобрува расположението и благосостојбата на постарите лица со намалување на нивната осаменост и изолација.

Јагода Котевска им порача на учениците да продолжат да го изучуваат македонскиот јазик.

Голема благодарност до учениците кои потврдија колку убаво зборуват на македонски јазик. Да продолжите со тоа зошто иднината на македонската заедница во Австралија е во вашите раце
Јагода Котевска- дел од тимот за позитивно стареење во општина Витлси
Students talks with pensioner.jpg
Ученички разговарат со членови на пензионерското друштво Source: SBS

Видео запис од македонската културна и меѓугенерациска средба на учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во средното училиште во Епинг и пензионерското друштво при македонската православна општина за Мелбурн и Викторија.


Latest podcast episodes

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Stream now