SKIP TO MAIN CONTENT

Македонскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски најпосле во Австралија

Vlatko Stefanovski
Влатко Стефановски на промоцијата на својот последен албум "Мајчин јазик". Фото Source: M.Zlatevska

После над 40 години успешна и плодна кариера македонскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски со своето трио ќе ја посети Австралија и ќе одржи три концерти во Мелбурн, Сиднеј и Перт. Влатко Стефановски има издадено 14 албуми со неговата поранешна група "Леб и Сол" и над 20 како соло уметник. Има настапувано ширум светот и соработувано со голем број светски музичари и оркестри меѓу нив и Лондонскиот симфониски оркестар. Зад своето име има и голем број проекти во театарската и филмската уметност. Овој македонски амбасадор на културата за својата досегашна работа на полето на културата е назначен за почесен доктор на Универзитетот "Кирил и Методиј" од Скопје, но е и прв македонски рокер кој ја добива државната награда за животно дело "11 Октомври". Во последниот период настапува со Влатко Стефановски трио.

Published

By Vase Kocev

Source: SBS

Skip to podcast episode content

Влатко Стефановски во своите доцни тинејџерски години ја формира рок групата "Леб и Сол". Бенд кој ќе биде еден од најпознатите и најзначајни имиња на музичката сцена не само во Македонија туку и поранешна Југославија во 80-те години од минатиот век.

Леб и Сол зад себе оставија 14 албуми а Влатко беше главна алка во групата.

Bend " Leb i Sol "
Членовите на "Леб и Сол" од почетокот на кариерата и обединувачкиот коцерт од 2006 година во Скопје по повод 30 години од формирањето на бендот. Source: Robert Atanasovski

По распаѓањето на "Леб и Сол", Влатко Стефановски започнува соло кариера. Снима и издава повеќе албуми како што се Каубојци и Индијанци, Сараево, Кула од карти, В.Стефановски Трио и други.

Албумот "Крушево" е резултат на соработката со Мирослав Тадиќ со што Влатко отвара нова страна во неговото свирење со акустична гитара и неговото понатамошно истражување на македонската традиционална музика.

Vlatko Stefanovski i Miroslav Tadic
Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на коцерт. Фото од личната архива на В. Стефановски Source: Private archive V.Stefanovski

Неговиот последен 35 албум инаку прв акустичен насловен како "Мајчин јазик" во издание на Кроација рекордс излезе годинава. Стефановски во него ги претставува акустичните верзии на некои од најпознатите македонски народни песни.

Vlatko Stefanovski - Mother tongue
На фотографијата од последниот албум "Мајчин јазик" е мајката на Влатко, направена во 1946 година. Source: G. Licovski

Во последните неколку години Влатко свиреше и снимаше низ целиот свет со многумина врвни уметници: Томи Емануел, Сточело Розенберг, Јан Акерман, Теодосиј Спасов, Стефан Миленковиќ, Ману, Тони Левин и други.

Како солист Влатко има свирено и со бројни оркестри и ансамбли како што се: Лондонскиот симфониски оркестар, Симфониските оркестри  од Лајпциг, Софија, Љубљана, оркестарот од Монте Карло, но и со повеќе телевизиски оркестри од поранешнa Југославија.

Vlatko Stefanovski and Kings of Strings
Влатко Стафновски како дел од Kings of Strings заедно со Tommy Emmanuel и Stochelo Rosenberg. Фото од личната архива на В.Стефановски. Source: Private archive V.Stefanovski

Овој македонски амбасадор на културата за својата досегашна работа на полето на културата е назначен за почесен доктор на Универзитеттот "Кирил и Методиј" од Скопје, но е и прв македонски рокер кој ја добива државната награда за животно дело "11 Октомври".

Vlatko Stefanovski
Влатко Стефановски на примањето на титулата почесен доктор во областа на културата на Универзитеттот "Кирил и Методиј" од Скопје. Source: Supplied

Влатко Стефановски во Австралија доаѓа со своето трио со кое настапува во последните години.

Пред доаѓањето во Мелбурн во разговор за СБС радио изјави:

" Со нетрпение чекам да се сретнеме со нашата публика во Австралија и со нашите сонародници кои живеат таму и малку да ги разнежиме со македонските традиционални песни и за момент да ги вратиме во стариот крај".

Целиот разговор со Влатко Стефановски можете да го слушнете во аудио разговорот.

Видео по наш избор. Влатко Стефановски трио  во изведба на Македонско девојче.

Latest podcast episodes

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Stream now