Ката тимот составен од Кирјана Камческа и сестрите близначки Маријана и Мишела Димоски и донесоа на Австралија бронзен медал од Карате 1 Серија А. Source: Supplied
Сестрите близначки Маријана и Мишела Димоски и Кирјана Камческа од КК "Ронин" од Перт кои ја претставуваа Австралија на турнирот од Карате 1 Серија А лигата што се одржа во Шангај, Кина од 7 - 9 декември освоија бронзен медал. Во борбата за третото место Ката тимот "Ронин" го победи со убедливи 5:0 тимот на Грција. Каратистките од Перт претходно го совладаа тимот на Италија со 3:2, а во полуфиналето загибија минимално со 3:2 од актуелниот вицешампион на светот тимот од Шпанија. Ката тимот на "Ронин" воедно на Австралија и го донесоа и првиот медал од турнирите на Премиер лигата.