SKIP TO MAIN CONTENT

Маријана, Мишела и Кирјана со нов медал од премиер лигата во карате

Kata Team Australia
Ката тимот составен од Кирјана Камческа и cестрите близначки Маријана и Мишела Димоски освоија бронзен медал од турнирот на Премиер лигата во Дубаи. Source: Supplied

Сестрите близначки Маријана и Мишела Димоски и Кирјана Камческа од КК "Ронин" од Перт кои настапуваат за Австралија на турнирот од Карате 1 Премиер лигата што се одржа во Дубаи, ОАЕ од 7 - 9 декември освоија бронзен медал. Во борбата за третото место Ката тимот на Австралија го победи убедливо тимот на Русија. Каратистките од Перт во полуфиналето загубија минимално со 0,5 поени од тимот на Иран. Ката тимот на "Ронин" воедно на Австралија и го донесоа и вториот медал од турнирите на Премиер лигата. Нивни следен настап ќе биде за две недели на турнирот во Салцбург. Преку овие турнири Маријана, Мишела и Кирјана ќе се обидат да обезбедат учество на претсојните Олимписки игри во Токио, каде за прв пат каратето ќе биде застапено како олимписка дисциплина и достојно да ја претставуваат Австралија.

Published

By Vase Kocev

Source: SBS

Skip to podcast episode content

Latest podcast episodes

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Stream now