Оваа збирка е прва книга на доктор Попорданоски и содржи околу 30 песни посветени на љубовта на неговиот живот - неговата сопруга Снежана, пишувани низ годините и на повеќе континенти.
Во ова интервју д-р Емил открива како се запознале со својата сопруга, како утврдил дека токму таа е жената на неговиот живот, што значи две посебни индивидуи да живеат како една душа, дали има омилени песни кои и ден денес му будат исти чувства како и кога ги создавал и колку креативноста му е дел од неговото медицинско секојдневие.

Source: Emil Popordanoski




