На осмиот ден од Светското првенство во фудбал Мароко направи уште едно големо изненадување победувајќи ја Белгија. Прославата на победата навивачите на Мароко во Белгија се претвори во насилство, при што мораше да реагира и полицијата.
Во групата Ф се случи најголемото изнендување на осмиот ден од Светското првенство откако Белгија загуби во второто коло од групната фаза од Мароко со 0 : 2.
Во другиот натпревар од групата Хрватска ја совлада Канада со 4-1.
Хрватска и Мароко имаат по 4 бода а Белгија со 3 бода е на третото место. Канада е без бодови и ги загуби шансите за осминафиналето.
Во последното трето коло од групната фаза ќе се сретнат Хрватска - Белгија и Канада - Мароко.
Фудбалските репрезентации на Шпанија и Германија одиграа нерешено 1:1 во дербито од второто коло на Светското првенство во Катар, додека Костарика ја победи Јапонија со 1:0.
Шпанија сега води во групата „Е“ со четири бодови, по три имаат Јапонија и Костарика, а еден Германија.
Сите четири селекции имаат шанси за осминафиналето, а ќе решаваат натреварите од последното трето во кое се среќаваат Костарика - Германија и Шпанија - Јапонија.





