Од политички па до активизам за животната средина и во заедницата, животот на Невена Спировска од Мелбурн е посветен на социјална правда, инклузивност и еднаквост во општеството.
Освен што е едно од десетте лица на овогодишната кампања на Марди Гра, Невена е номинирана за наградата Pro Bono Impact 25 Awards што се доделува на највлијателните лица чие делување придонесува за позитивни промени во социјалниот живот, особено на ранливите категории чиј глас често е замолчен.
Share





