Главниот носител на сите динамични сцени во најновата театарска претстава на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј, "Последниот Македонец" е Никола Апостоловски во улогата на главниот лик Филип. Никола вели дека главните пораки на Филип во претставата се да се биде силен, единствен, достоинствен, упорен и никогаш да не се откажуваме од нашето минато. По премиерната изведба публиката со гласање го избра Никола Апостоловски за најдобар актер во драмата.
Неколку фотографии од подготовките на претставата.




Share




