Македонската фудбалска репрезентација во рамките на квалификациите за СП во Катар 2022, во првиот меѓусебен натпревар на гости ја совлада Германија со 1:2. Аудио и видео од головите .
Македонската фудбалска репрезентација во рамките на квалификациите за СП во Катар 20232 ја забележа една од најспектакуларните победи во својата историја, триумфирајќи над Германија во Дуисбург со 2:1 (1:0) .
Головите за Македонија ги постигнаа Горан Пандев и Елиф Елмаз. Голот за Германија го постигна Илкај Гундоган од пенал.

Видео со головите од натпрварот помеѓу Германија и Македонија.
Поранешниот репрезентативец на Англија Гери Линкер кој е познат по својата изрека :
"Фудбалот е едноставна игра; 22 фудбалери трчаат по топката 90 минути и на крајот, Германците победуваат", се огласи на својот твитер профил изненаден од победата на Македонија и напиша:
" О, боже, Германија загуби од Македонија".
И поранешниот германски репрезентативец, Бастиан Швајнштајгер, ја честита историската победа на македонските фудбалери над Германија во квалификациите за СП во Катар. Тој вели дека неправедно им бил одземен еден пенал, но сепак успеале да победат четирикратен светски шампион.
Македонската репрезентација по три натпревари има шест бодови, додека води Ерменија со максимални девет. Германија, исто така, има шест бодови, Исланд три, а Лихтенштајн е последен без бодови.
Мундијалските квалификации продолжуваат на 2 септември, кога избраниците на Игор Ангеловски во Скопје ја пречекуваат Ерменија.





