Во манастирскиот комплекс Свети "Прохор Пчињски" во Донибрук, по четврти пат се одржаа "игрите од моето детсво" со учество на пензионерите од Мелбурн а организирани од Македонската добротворна организација. Пензионерите имаа можност да се дружат но и за момент да се вратат и потесетат на игрите од нивното детство кога растеа без комјутери и други технолошки помагала. Се играше шах, бељот, дама, фанта, игра со обрачи и пет камен. По вкусното посно манастирско гравче, со звуците на македонската песна се рашири и пензионерско оро во манастирскиот комплекс.
Видео запис од игрите на пензионерите.
Марија Тошевска беше победничка во играта Фанта.

Петре Трајковски го освои првото место во Дама.

Јосип Бансколиев десно на сликата беше најуспешен во натпреварите во шах.

Share




