Врвни eксперти за меланом прогласени за Австралијци на годината за 2024 година

Австралијци на годината за 2024, Џорџина Лонг (лево) и Ричард Сколиер Credit: NATIONAL MUSEUM OF AUSTRALIA/PR IMAGE
Врвните eксперти за меланом Џорџина Лонг и Ричард Сколиер се прогласени за Австралијци на годината за 2024 година на церемонија во Канбера. Кодиректорите на Институтот за меланом во Австралија се заслужни за спасувањето на илјадници животи откако развија пристап за имунотерапија за лекување на меланомот.
Share



