Делегатите на изборното собрание го избраа Муамед Сејдини за нов претседател на ФФМ. Во Премиер лигата на Викторија редовното пето коло беше и Мултикултурно коло во кое Алтона Меџик ја забележа првата победа на домашен терен. Рокдејл Илинден во Премиер лигата на НЈВ го победи на гости Маркони Сталионс. Аидио и Видео од настапите на екипите од макеоднската заедница во Австралија.
На Редовното Генерално Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини е избран за нов претседател на ФФМ.
"Бидете сигурни дека со сета сила и капацитет ќе се стремиме да ги оствариме целите од Стратегискиот план на Федерацијата, а тоа значи целосна поддршка од ФФМ за Националните селекции, Општинските фудбалски Сојузи, домашното натпреварување, инфраструктурно подобрување и развој на младинскиот фудбал"- изјави Муамед Сејдини.

Во Мултикултурното коло во НПЛ Викторија, Алтона Меџик ја забележа првата победа на домашен терен откако го победи Оукли Канонс со 2:1.
Видео од најинтересните моменти од натпреварот.
Пред натпреварот одбележувајќи го мултикултурното коло настапи КУД "Александар Македонски " а тука беа и традиционалните македонски инструменти гајда и тапан.

Видео од настапот на КУД "Александар Македонски" пред натпреварот.
Одбележувајќи го мултикултурното коло во Премеир лигата, фудбалерите на Алтона Меџик со македонско потекло со изјави што за нив значи да играат за клубот.
Во 5 коло во НПЛ 2 запад Норт Џилонг Вориорс ја совлада Џилонг Македонија со 4:2.
Во Премиер лигата на Нов Јужен Велс Рокдејл Илинден забележа значајна победа на гостувањето кај Маркони Сталионс со 2:1.
Видео со преглед на најинтересните моменти од овој натпревар.
Престон лајонс односно Престон Македонија пред почетокот на сезоната на пригодна свеченост ги представи фудбалерите со кои ќе настапува во првата државна лига на Викторија во новата сезона.
И Вулонгонг јунајтед го представи играчкиот кадар пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата на Илавара.





