Пазарот на домување во Австралија го доживеа својот прв пад на просечните цени на куќите од јуни 2019 година, но сепак, најновиот индекс на вредност на куќите на CoreLogic, кој покажува пад од 0,4 проценти, се смета за отпорност на пазарот. Иако постојат стравувања од тоа што може да се случи кога ќе бидат прекинати владините стимулативни мерки, сè уште постои поддршка за индустријата и кинески интерес.
Share




