Од самото доаѓање на Европејците во Австралија, односот на жителите кон алкохолот останал комплексен. Пандемијата COVID-19 додаде уште еден слој на сложеноста. Во најнова студија, истражувачите од Универзитетот на Нов Јужен Велс разгледаа како пандемијата влијае на потрошувачката на алкохолот пред, за време, и по заклучувањето во Нов Јужен Велс.
Професорката Алисон Ритер е директор на Програмата Drug Policy Modelling Program при Универзитетот на Нов Јужен Велс и еден од авторите на студијата.
Таа вели дека некои од резултатите се изненадувачки поради што појдовната точка на истражувачите била таа дека многу повеќе луѓе пијат повеќе под заклучувањеto.
Но, тоа не е она што тие го откриле.
Всушност, тие дознаваат дека две од три лица го намалиле пиењето или не пијат повеќе отколку што пиеле пред заклучувањето, што истражувачите велат покажува дека луѓето се еластични и покажуваат грижа за себе, a некои луѓе дури престанале да пијат под заклучувањетo.




