Генерацијата најтешко погодена од последиците на коронавирусот се лицата над 70 годишна возраст, како и лица со постоечки болести. Меѓу најновите мерки за нивна заштита воведени се строги упатства за само-изолација во сопствениот дом, со цел да се намалат можностите за зараза. Повеќето постари луѓе ги прифаќаат новите мерки, но некои сеуште не ја разбираат сериозноста во однос на потенцијалните последици од тоа, доколку не се придржуваат на растојание од метар и половина, само-изолирање и редовно и почесто миење на раце. За таа цел, се обративме кај еден наш поранешен учесник во програмата и добро познатиот Др. Васил Велков, да го даде неговото мислење за моменталната пандемија на Ковид-19.
Share




