Отец Гаврил - Изгледа за се имаме време освен за сопствената душа

Reverend Gavril taking on COVID-19 isolation with the help of a sprightly young Jack Russell. Source: Supplied
По заострувањето на владините ограничувања со цел да се намали ширењето на коронавирусот, Македонската Православна Младина на Австралија, МОЈА, како и многу други организации, веднаш упатија пораки на поддршка и разбирање до нивните членови. Разговараме со Игуменот и Отец Гаврил од македонскиот православен манастир Св.Климент Охридски во Кинглејк, за кој како монах, само-изолацијата не е нешто ново. Тој вели дека и покрај тоа што одењето во црква е забрането, верниците можат да го одржуваат својот православен начин на живеење во рамките на светоста на втората црква, нивниот дом. Игуменот Гаврил предложува оддржување позитивни врски со потесниот круг семејни членови за време на така-наречениот лок-даун, обреди за душата во отсуство на литургиите во црквите и потсетува на повикот за заедничка глобална молитва испратена од Планината Атос.
Share