Двоен успех на Рокдејл Илинден на годинашниов Македонски фудбалски куп. Победија во финалните натпревари на првите тимови но и за фудбалери до 20 -ет години. Во женска конкуренција победник е екипата на Бенкстаун сити додека за фудбалери над 35 години на пехарот му се радуваа ветераните на Јагуна лајонс.
До шестиот пехар на Македонскиот фудбалски куп фудбалерите на Рокдејл Илинден стигнаа откако во финалето ја совладаа Алтона Меџик Вардар со 2:1.

И за фудбалери до 20 години на шампионскиот пехар му се радуваа фудбалерите на Рокдејл Илинден. Во финалето повторно играа со Алтона Меџик Вардар. Илинденци победија со 1:0.

Премиерлигашот од Мелбурн, Алтона Меџик Вардар, мораше да се задоволи со две втори места.

Македонскиот фудбалски куп доби нови победници и за фудбалери над 35 години. Како најуспешна се покажа екипата на Јагуна лајонс која во финалето со 4:0 ја победи Сиднеј Македонија.

Во женското финале играа Сиднеј Македонија и Вулонгонг јунајтед. Сиднејки до шампионскиот пехар стигнаа дури по изведувањето пенали, откако натпрварот заврши 2:2.

Македонскиот фудбалски куп 2019 успешно го организираше ФК Квинбијан и беше настан на кој можеа да се видат и поранешни познати фудбалски имиња.
На фотографијата подолу се: Бил Пиловски, Љубе Петровски, Целе Пресилски и Пеце Стоевски.





