Watch FIFA World Cup 2026™

LIVE, FREE and EXCLUSIVE

Саша Огненовски: Сакам Аргентина да стане светски шампион

Sasa Ognenovski web rs.jpg
Саша Огненовски на тренингот на Socceroos во Мелбурн пред натпреварот со Јордан во квалификациите за Светското првенство одигран во 2013 година Credit: AAP Image/David Crosling

Поранешниот фудбалер на Сокерус, Саша Огненовски задоволен од досега видното на Светското првенство во Катар. И, актуелниот тренер на Престон Лајонс, Љупче Ацевски ова Светско првенство го оценува како едно од поинтересните со мниогу изненадувања и неизвесност.


Published

By Vase Kocev

Source: SBS



Share this with family and friends


Поранешниот фудбалер на Сокерус, Саша Огненовски задоволен од досега видното на Светското првенство во Катар. И, актуелниот тренер на Престон Лајонс, Љупче Ацевски ова Светско првенство го оценува како едно од поинтересните со мниогу изненадувања и неизвесност.


Поранешниот репрезентативец на Австралија Саша Огненовски а сега технички директор во Престон Лајонс вели дека во целина е задоволен од прикажаното на Светското првенство во Катар.

"Задоволен сум од она што го прикажаа повеќето репрезентации. Имаше квалитетни натпревари и изнендувања. Австралија постигна голем успех со пласманот во втората фаза. Изнендувања се Јапонија, Мароко а разочарувања секако се Германија, Белгија и Шпанија. Најголем впечаток досега ми остави одбранбениот играч на Хрватска Јошко Гвардиол а посакувам и очекувам Аргентина и Меси да го подигнат победничкиот пехар".

Љупче Ацевски, тренер на Престон Лајонс исто така е задоволен од прикажаниот фудбал на Светското првенство и го оценува како едно од понтересните и неизвесни првенства со многу изнендувања. Пласманот на Австралија во осминафиналето го оценува како голем успех.

"Австралија се претстави во одлично издание и доминираше тимскиот дух со борбена и пожртвувана игра. Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе досега остави најдобар впечаток. Бразил е мој фаворит но можни се и изнендувања. Според мене потфрлија Шпанија, Германија и Белгија".

Loi Acevski.jpg
Љупче Ацевски, тренер на Престон Лајонс Source: SBS

Во аудио разговорот можете да ги слушнете и размислувањата на неколку навивачи за Светското првенство во фудбал во Катар.

Љубителите на фудбалот со нетрпение ги очекуваат четвртфиналните натпревари на Светското првенство во фудбал во Катар.

Очекуваат нови возбудливи натпревари и изнендувања од најдобрите осум селекции што останаа во завршната фаза од Светското првенство.

Еве ги четвртфиналните двојки:

Сабота 10 декември:

Хрватска - Бразил

Холандија - Аргентина

Недела 11 декември:

Мароко - Португалија

Англија - Франција


Latest podcast episodes

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Stream now