Македонската пензионерска група во Темплстоу и Донкаста очекуваше да започне со своите активности некаде во Април, но со пандемијата на коронавирусот и дополнителните владини наредби за ограничување на движењатo на населението, групата и понатаму останува во мирување, како и целата нација. Но и покрај владините ограничувања, претседателката Сијка Еминагова продолжува да ги оддржува врските со изолираните членови за време на здравствената криза. Таа вели редовните телефонски конверзации придонесува за одржување на позитивно расположение кај постарите.
Share




