ФК Сиднам парк во финалето ја совлада Престон Македонија. Шампионските пехари во женска конкренција и за фудбалери до 20 години ги освои Престон Македонија.
Во финалето на 8-от по ред македонски фудбалски куп за Викторија во големото финале се сретнаа екипите на Престон лајонс и Сиднам парк. По натпреварот на шампионскиот пехар му се радуваа фудбалерите на Сиднам кои со голот на Дејвис победија со 1:0.

Во полуфиналните натпревари освојувачот на пехарот Сиднам парк ја совлада Лалор Слога јунајтед, додека Престон лајонс ја елиминира Алтона Меџик Вардар.
Сепак во финалето Сиднам парк не дозволи домаќинот и организатор Престон Македонија да ги освои трите шампионски пехари.

За фудбалери до 20 години на шампионскиот пехар му се радуваа младите фудбалери на Престон Македонија кои во финалето го совладаа Сиднам парк со 1:0.

И во женска конкуренција се радуваа фудбалерките на Престон. Во големото финале играа А тимот против Б тимот на овој клуб. Пехарот замина кај првиот А тим на Престон Македонија.





