SKIP TO MAIN CONTENT

Силве и Тони на пат околу светот со моторцикл за да го "гушнат светот"

"Embrace The World" Silve & Toni
Силве и Тони во манастирот Св. "Климент Охридски" во Кинглејк, Мелбурн. Source: SBS

Брачниот пар Силве и Тони Митреви на 20 Јуни 2018 година од Македонија ја започнаа својата несекојдневна мисија да го пропатуваат и на некој начин прегрнат светот заобиколувајќи го со моторцикл. Патувањето го нарекоа "Гушни го светот" а идејата на Тони и Силвана е на гушнатите да им ја покажат малата Македонија на картата на светот и да им го покажат големото срце на земјата и нејзините жители. Како дел од своето патување во моментов тие се во Австралија.


Published

By Vase Kocev

Source: SBS


Skip to podcast episode content

Брачниот пар Силве и Тони Митреви на 20 Јуни 2018 година од Македонија ја започнаа својата несекојдневна мисија да го пропатуваат и на некој начин прегрнат светот заобиколувајќи го со моторцикл. Патувањето го нарекоа "Гушни го светот" а идејата на Тони и Силвана е на гушнатите да им ја покажат малата Македонија на картата на светот и да им го покажат големото срце на земјата и нејзините жители. Како дел од своето патување во моментов тие се во Австралија.


По 8 месеци патешествија по светските патишта Силве и Тони со својот моторцикл на австралиско копно за прв пат стапнаа во Перт. По срдечниот прием од македонците и неколкудневниот престој, од Перт преку Аделаид и Баларат пристигнаа во Мелбурн.

Ги сретнавме на пикникот во манастирот Св. "Климент Охридски" во Кинглејк.

Среќни и радосни што се меѓу своите и што се чуствуваат како дома, Силве ни ја објасни идејата за потфатот со моторцикл да го "гушнат светот".

" Досега немало моторцикл со македонски регистарски таблички и истакнато знаме да го заобиколи светот. Сакавме да бидеме први од Македонија што на моторцикл ќе го развиори макеоднското знаме по светските патишта. Воедно сакаме да ја претствиме Македонија во најдобро светло и да ја искажеме љубовта од Македонија кон сите луѓе во светот. Токму затоа и проектот се вика "гушни го светот".

Embrace the World
Силве и Тони Source: SBS

Тони Митрев исто така е среќен што е во Австралија и вели дека оваа мултикултурна прекрасна држава е како создадена за делење "бесплатни гушки" на луѓето од сите етнички припадности , вероисповест и други определби.

Тони вели дека за овие 8 месеци поминале низ половина од планираните околу 40 држави.

"Од почетната станица Македонија па заклучно со Австралија поминавме низ скоро 20 држави извозувајќи илјадници километри. За наша среќа немавме никакви посериозни проблеми во текот на патувањето. Поминавме низ многу места и поделивме многу прегратки. Научивме нешто ново за дел од овие земји но и воедно им ја претставуваме Македонија и пораките да се гушкаат и сакаат и да живеат во мир".

Silve and Toni with F.Gavril
Архимандрит Гаврил во разговор со Силве и Тони Source: SBS

Силве и Тони велат дека патувањето ќе го продолжат низ Австралија, а потоа да заминат за Јужна Америка па преку земјите на централна Америка да стигнат до САД и Канада. Од таму да продолжат низ дел од Африка со што би го заобиколиле светот и би се вратиле во Македонија.

Но, Тони вели дека финасиските средства ќе бидат проблем да се комплетира проектот бидејќи македонската влада не ги исполнила ветувањата.

"Ветувањата кои ни беа дадени претходно од државата не ги исполнија со што немаме доволно средства да го комплетираме проектот. Најверојатно ќе мора да претрпи одредени промени и да го завршиме предвреме не по наша вина".

Silve and Toni
Source: SBS

Силве сепак благодарна до главниот спонзор Кожувчанка како и на сите пријатели и добронамерници кои донирале средства за проектот да го обиколат и гушнат светот.

Видео: Силве и Тони во својата обиколка на светот во рамките на проектот "гушни го светот" го посетија и манастирот Св."Климент Охридски" во Кинглејк, Мелбурн.

На овој линк можете да го погледнете нивното досегашно патување: https://embracetheworld.world/mk/

Можете да ги следите и на Facebook:

https://www.facebook.com/MacedoniaEmbracesTheWorld.world/

 

 


Latest podcast episodes

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Stream now