Watch FIFA World Cup 2026™

LIVE, FREE and EXCLUSIVE

Австралија меѓу најдобрите шеснаесет на Светското првенство во фудбал

Qatar Soccer WCup Match Moments Day 11 Photo Gallery
Australia's Mitchell Duke controls the ball during the World Cup group D match against Denmark in Qatar Source: AP / Thanassis Stavrakis/AP

Австралија со 1-0 ја победи Данска на 11-от ден од Светското првенство во фудбал. Со оваа победа Сокерос се пласираа во нокаут фазата на Светското првенство за прв пат после 2006 година. Пласман во нокаут фазата обезбедија уште и Аргентина и Полска.


Published

By Sunil Awasthi

Presented by Vase Kocev

Source: SBS



Share this with family and friends


Австралија со 1-0 ја победи Данска на 11-от ден од Светското првенство во фудбал. Со оваа победа Сокерос се пласираа во нокаут фазата на Светското првенство за прв пат после 2006 година. Пласман во нокаут фазата обезбедија уште и Аргентина и Полска.


Со победата над поранешниот европски шампион, Данска, репрезентацијата на Австралија вторпат во својата историја ќе игра елиминациона фаза на Светско првенство после 2006 година.

Стрелец на победничкиот гол беше Метју Леки.

"Сокерус“ на дебито загубија од Франција со 4-1, но потоа врзаа две победи по ред и дојдоа до место меѓу најдобрите.

Австралија е втора во групата со шест бода исто колку и Франција, која во последниот натпревар од групната фаза беше поразена од Тунис со 1-0.

Тунис и покрај победата остана на трето место додека Данска е четврта.

Австралија во осминафиналето на Светското првенство ќе игра со победникот од групата Ц, селекцијата на Аргентина.

Натпреварот иако се одигра во раните утрински часови по австралиско време, не ги спречи илјадниците Австралијци да го следат натпреварот против Данска на отворено и во пабовите речиси во сите градови. На социјалните мрежи се појавија снимки од целосниот хаос откако Леки го постигна голот. Во градовите низ земјата гореа факели, пееја и пиеја, а прославата продолжи и по завршувањето на натпреварот.

SOCCER WORLD CUP AUSTRALIA REAX
Навивачите на Сокерус го прославуваат голот постигнат од Леки додека гледаат како Австралија игра со Данска на Светското првенство на ФИФА, на плоштадот Федерација во Мелбурн Source: AAP / CON CHRONIS/AAPIMAGE

Мексико славеше со 2:1 против Саудиска Арабија но тоа не беше доволно да се пласира во осминафиналето. Мексиканците требаше да победат со три гола разлика, а во 52 минута имаа предност од 2:0.

Сепак, во последните минути кога Мексиканците тргнаа со сите сили по решавачки трет погодок, примија гол и на крајот останаа без пласман во нокаут фазата на СП во Катар.

Завршија на третото место и покрај тоа што имаа ист број бодови 4 со Полска но решавачка беше гол разликата.

Аргентина ја совлада Полска со 2 -0 и заврши како прва во групата со 6 бодови.


Latest podcast episodes

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Stream now