Во Австралија, 3 деца умираат од рак секоја недела. Тоа е причината што го води Сотир Стојчевски, домаќин на фестивалот 'Wine and Cheese', активно да се ангажира за проширување на свеста за менталното здравје, депресија, самоубиство и рак, преку предизвици за правење склекови и велосипедизам. Неговиот најнов добротворен предизвик е Great Cycle Challenge, велосипедски предизвик од 125 км за помош и поддршка на акцијата 'Деца со Рак'.
Share





