Четирикратниот шампион Германија сензационално испадна од ФИФА Светското првенство во и покрај победата од 4-2 над Костарика во нивниот последен натпревар од групата Е. Меѓу репрезентациите кои ќе заминат е и Белгија.
На 12-тиот ден од турнирот се очекуваа некои резлтати за да се потврди крајниот исход, како што многумина очекуваа пред почетокот на Светското првенство.
Но, наместо тоа, донесе резлтати кои што изгледаа неверојатни пред почетокот на првенството.
Лудата ноќ во Катар промени многу во костурот и донесе неочекувани осминафинални парови.
Јапонците во групата Е приредија нова сензација и со пресврт ја совладаа Шпанија со 2-1 и со овој резултат ги елиминираа Германците, за кои ништо не вредеше ниту победата над Костарика од 4-2.
Во директен дуел за пласман во следната фаза, Белгија и Хрватска одиграа 0-0 во последно коло од групата Г, после што Хрватите одат понатаму, а Белгија отпадна.
Во истата група Мароко со 1-2 ја победи отпишаната Канада и неочекувано како прв оди во осминафинале.
По одигрувањето на на натпреварите во групите Е и Ф, познати се и новите осминафинални двојки:
Шпанија - Мароко и Хрватска - Јапонија




