Macedonia's members of parliament vote to start changing constitutional amendments to rename the country North Macedonia during parliamentary session. Source: (Photo by Besar Ademi/Anadolu Agency/Getty Images)
Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36 од Уставот на Република Македонија. Како резултат на јавната расправа, најголеми измени има во текстот на амандманот 36 со кој се изменува и дополнува членот 49 од уставот. Во амандманите пишува дека републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави, а се се грижи за дијаспората на македонскиот народ и на другите заедници и ги негува и унапредува врските со татковината. Со предлог-законот за амнестија нема да бидат опфатени организаторите и лицата кои извршиле физичко насилство за време на настаните од 27 април лани во Собранието. Повеќе можете да слушнете во тонскиот извештај на Милчо Јованоски.