Сенатската комисија, по разгледување на поднесоците од организации на заедниците во Австралија во врска со проблемите со кои се соочуваат, меѓу кои и на Обединета македонска дијаспора, објави извештај од 150 страници и 18 препораки за поддршка.
Г-ѓа Вера Секуловска, директор на Обединета Македонска дијаспора за НЈВ, која се појави пред Сенатот на 6 ноември 2020, за да ги образложи проблемите и предизвиците со кои се соочуваат Македонците во Австралија, вели дека препораките во извештајот се добра основа за унапредување на македонската заедница во земјава.
Но, таа додава дека во колкава мера истите ќе се имплементиураат во пракса ќе зависи и од ангажираноста, посветеноста и единството на организациите на македонската заедница и нивната комуникација со владините тела.




