Сојузната влада на 24 март објави нови ограничувања под кои ќе се затворат повеќе бизниси за кои се смета дека не се неопходни, приближувајќи ја земјата поблизу до построгите мерки за заклучување, веќе наметнати во делови на Европа. Но, дури и со вакви строги правила, многу работници сè уште ќе треба да одат на работа - тие се нарекуваат „неопходни работници“. Тоа натера многу Австралијци да се прашуваат што точно се подразбира под тој термин.
Share




