Watch FIFA World Cup 2026™

LIVE, FREE and EXCLUSIVE

Светско 2026 - Австралија – САД: “Дончевски ја брани визијата на Попович“

Andon Doncevski 1.jpg

Поранешниот фудбалер, тренер и прв селектор на македонската репрезентација, Андон Дончевски, смета дека тренерот на австралиските Сокерус, Тони Попович, добро го познава својот млад состав, ги разбира неговите квалитети, но и неговите слабости, и дека одговорноста за случувањата на теренот за време на натпреварот Австралија - САД на Светското Првенство 2026, не може да се насочи само кон еден човек. Credit: (VASE KOCEV)

Поразот на Австралија од Соединетите Американски Држави на Светското првенство 2026 повторно отвори низа прашања околу тактиката, изборот на составот и начинот на кој "Сокерусите“ го започнаа натпреварот.


Published

Updated

By Margarita Vasileva

Presented by Radica Bojkovska Dimitrovska

Source: SBS



Share this with family and friends


Поразот на Австралија од Соединетите Американски Држави на Светското првенство 2026 повторно отвори низа прашања околу тактиката, изборот на составот и начинот на кој "Сокерусите“ го започнаа натпреварот.


Додека дел од фудбалската јавност и аналитичарите ја критикуваа почетната поставеност на селекторот Тони Поповиќ, сметајќи дека планот за игра не бил најдобриот избор, нашиот соговорник Андон Дончевски останува цврсто зад австралискиот селектор.

Поранешниот фудбалер, тренер и прв селектор на македонската репрезентација, Дончевски, смета дека Поповиќ добро го познава овој млад состав, ги разбира неговите квалитети, но и неговите слабости, и дека одговорноста за случувањата на теренот не може да се насочи само кон еден човек.

По направените промени во тимот за второто полувреме, видлива беше разликата во играта на Австралија, со повеќе енергија и поинаков пристап, но според Дончевски, факторите кои влијаат врз еден натпревар се многу пошироки од самата тренерска одлука.

Во продолжение ја слушаме втората специјална анализа на Андон Дончевски за Светското првенство 2026 – осврт на натпреварот Австралија – САД, низ призмата на човек со богато фудбалско искуство и длабоко разбирање на играта.

За повеќе прилози, интервјуа и вeсти од SBS на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:

Podcasts in Macedonian | SBS Audio

For more stories, interviews, and news from SBS MACEDONIAN, explore our podcast collection here:

Podcasts in Macedonian | SBS Audio


Latest podcast episodes

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Stream now