Во најновата драма на Том Пецинис, “ Zorba’s Last Dance”, авторот ја презема приказната на познатиот лик Зорба, овековечена во холивудскиот филм “Zorba the Greek”, по сознанијата дека инспирацијата зад оригиналниот лик, по се изгледа е кроена врз животот и личноста на човек по име Ѓорѓи.
Во драмата, протагонистот Ѓорѓи, шест децении подоцна, влегува во полемика со авторот Никос Казанзакис поради тоа што неговиот автентичен идентитет не е отсликан во романот и во филмот, доведувајќи ги и независноста и одговорноста на авторот во прашање.
Share





